Македонија
30. December 2015 - 8:59

Крв на скопските улици, пет лица тешко повредени

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.

Од нив, пет се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и шест сопатници.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која двајца се тешко повредени, а три лица полесно.

Вчера од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, седум возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, како и 10 возачи кои го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 81 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска со почеток во 16 часот во спортската сала „Градски парк“ во рамките на Првата кошаркарска лига ќе се одигра натпревар помеѓу КК Работнички и МЗТ Аеродром. Со цел безбедно одвивање на овој настан од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.