Крв на скопските улици, две лица тешко повредени
Двајца сопатници се потешко повредени, а со телесни повреди се здобиле возач и сопатник во две од вкупно 10 сообраќајни несреќи што се случиле во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во една сообраќајка полесно се повредени две лица, а во седум е причинета материјална штета.
Полицијата вчера презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 20 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, седум возачи за време на управување на моторното возило го користеле мобилниот телефон, како и кај 11 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се четворица возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои за време на возење на пат не носеле заштитен шлем на глава. Затекнати се и 18 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 43 возила.
Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ одделение во ООУ „Рајко Жинзифов“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Кисела вода.
Ново на Сител
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто