Македонија
31. July 2017 - 16:59

Кружните балкански тури го зголемија бројот на гости во Охрид

Кружните балканските тури и оваа година донесоа илјадници гости во Охрид. Во екскурзиите туристите од земјите ширум светот престојуваат по два до три дена кои организирано се носат да ги посетат најатрактивните локации . Овие тури се низ повеќе патни правци по сувоземен или авионски пат а во нив е вклучена и посетата на нашата земја.

Надлежните сметаат дека преку заедничко промовирање на Балканот како целина придобивка ќе имаат локалните самоуправи и хотелиерите како носители на туристичката индустрија во регионот.

На туристичката мапа на гостите се најдоа Охрид и Скопје и бројните манастири.Инаку деновиве главниот туристички центар во шпицот на сезоната е преполн со гости кои уживаат на брегот на охридското езеро.