Македонија
21. January 2017 - 16:34

Крушево го враќа сјајот - се бара место повеќе

Снежната покривка која достигна до 40 сантиметри, стручно истапканите скијачки терени, беспрекорната функционалност на ски-лифтовите, како и континуираната ангажираност на локланите власти при спроведувањето на комуналните услуги, Крушево го наполнија со туристи како во старите добри времиња. Според надлежните, викендов во Крушево има преку 1.500 домашни и странски туристи, при што исполнети се хотелите, како и сите 600 категоризирани капацитети, а се бара и кревет повеке во некатегоризираните приватни објекти. 
 
Според раководителот на Одделението за Локален економски развој, Коста Мискоски, доколку потрае ваквото време, Крушево ке има продолжена туристичка сезона, најмалку за еден месец. 
 
Крушевските туристички работници, а и градските власти, годинашнава туристичка сезона ја оценуваат како една од најуспешните досега. Ова, особено во споредба со ланската кога заради топлото време не можеа да се употребат ниту топовите за производство на вештачки снег.