Живот
29. January 2017 - 20:13

Крпите се валкани и имаат лош мирис и по перењето? – еве што да направите

Секоја домаќинка има проблем со крпите за кујна, бидејќи по често користење, колку и да се перат лошо мирисаат и имаат некоја тврдокорна дамка.Ние ви нудиме неколку решенија:

Крпата уште пред употребата исперете ја со убав детергент, и така ќе спречите да има лош мирис и дамки.

Веднаш по перењето ставете ја крпата на сушење, никогаш не ја оставајте влажна.

За крпите за кујна не додавајте омекнувач.

Секогаш држете ги крпите на суво место.