Свет
8. February 2016 - 20:08

Кризите на Блискиот Исток ќе се надминат со одговорни влади

Американскиот претседател Барак Обама апелираше до арапските лидери да формираат одговорни влади со цел да надминат кризите и конфликтите на Блискиот Исток, пренесува бугарската новинска агенција БТА.

- Кога владите навистина инвестираат во граѓаните, во образованието, во професионалната квалификација, во здравството, кога ги почитуваат универзалните човекови права, земјите се помирни, просперитетни и поразвојни, изјави Обама во видео-пораката до учесниците на Светската годишна средба на високо ниво на влади во Дубаи.

Тој додаде дека тие што спроведуваат реформи и навистина инвестираат во животот на наеселението и понатаму ќе ги имаат САД за партнер и пријател.

Претседателот на Светска банка Џим Јон Ким, кој учествува на средбата во Дубаи, ги повика владите да бидат отворени и транспарентни кон своите граѓани.

- Доброто владеење е основа за секаков развој, истакна Ким на првиот ден од форумот, кој ќе трае до среда.