Свет
29. July 2017 - 12:07

Кризата со Германија го влошува дипломатскиот имиџ на Турција

Турција и Германија минуваат во можеби натешката криза во своите тесни односи вбо современото доба. Вербалната војна меѓу Анкара и Берлин ескалира уште повеќе на 20 јули кога германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел ја обвини турската влада дека предвремено го планирале апсењето на активисите за заштита на човековите права и и се закани на Турција со одземање на гаранциите за германските корпоративни инвестиции, а портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин го критикуваше дека се пдготвува за претстојната предизборна кампања во Германија со тоа што ја напаѓа Турција.

Коментарите дојдоа откако турскиот амбасадор во Берлчин, Али Кемал Ајдин, беше повикан од германското министерство за надворешни работи на 19 јули како форма на протест да биде информиран дека германските граѓани кои се уапсени во Турција треба неодложно да бидат ослободени или Германија ќе преземе итни мерки. Габриел рече дека Германија покажала веќе многу „трпение“ и дека односите повеќе не можат да продолжат на тој начин.

Турскиот министер на дипломатијата, Мевљут Чавушоглу, испрати остри критики кон Габриел на 20 јули истакнувајќи дека бараното ослободување од Габриел на граѓаните до пладне на 21 јули е неубаво и неприфатливо.

Потсетувајќи дека убиствата на турски граѓани во Германија од неонацистичката организација НСУ продолжуваат веќе 10 години. Чавушоглу посочи дека е лицемерно од страна на Габриел тој да зборува за сопирање на помошта за Турција, која Германија не успеа да ја обезбеди не на Турција, туку на сириските бегалци.

Германскиот новинар од турско потекло дениз Јуџел од весникот Велт беше претходно уапсен под обвинение за поддршка на забранетата Курдска работничка партија (ПКК). Мешале Толу е друга германска граѓанка со турско-курдско потекло, која работела за информативната агенција Еркин, исто уапсена за слични обвиненија.

Набрзо германскиот борец за човекови права Петер Шојтнер беше уапсен во истанбул за време на семинар организиран од Амнести интернешенел, заедно со раководителката на Амнесдти интернешенел за Турција, Идил Есер, и шведскиот граѓанин Али гарави, кога вкупно беа упасени шестмина активисти. Тие се обвинети за поддршка на терористичка организација без да биде прецизирано на која конктерно терористичка организација и помагале. Од германското министерство за надворешни работи изјавија дека се тоа фалсификувани факти, а во извештајот на американскиот Стејт департмент е посочено дека е акти кој во основа нема доволно докази и дека со тоа се кршат законите во Турција.

Пред кризата околу апсењата, имаше тензии во врска со базата на НАТО во турскиот округ Коња. Откако германски авиониТорнадо се вклучија во борбата против Исламска држава, се дигнаа тензии затоа што Турција не сакаше инспекција во базата од страна на германски пратеници, што ќе и обезбедат политички поени на германската канцеларка Ангела Меркел пред изборите на 24 септември во Германија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган од друга страна бара од Меркел враќање на турските воени офицери кои работеле како воени аташеа во различни држави во Европа или во службите на НАТО, пред неуспешниот обид за преврат на 15 јули 2016 година, кои сега бараат политички азил во Германија. Турската влада ги обвинува поранешните офицери дека се дел од нелегалната мрежа на Фетулах Ѓулен, исламски проповедник кој живее во САД, и кој еосомничен дека стои зад обидот за преврат. Одговорот на Германија не е поразличен од тој на Турција: одлуката е на судот, не на владата.

Односите на Турција со САД, најголемиот сојузник во НАТО, не се развиваат одбор главно заради две причини: присуството на Ѓулен во САД, против ког турската влада бара закоснки дејствија, и негрижата од страна на американската администрација на турските барања за соприрање на партнерството со Силите за заштита на народот, сириски клон на ПКК во борбата против Исламска држава во Сирија.

Турција бара соработка во својата борба против тероризмот и извршителчоте на обидот за државе удар, но одговорот кој го добива е дека се бараат повеќе солидни докази за тоа.

Ескалацијата на тензиите во односите со САД и Германија, кои автоматски се одразуваат и на односите со Европската унија, веќе фрли сенка на учеството на Турција во кризата во Заливот, со поддршката на Катар. Ердоган се подготвува да ја посети Саудиска Арабија, Кувајт и Катар.

Суштествено тука е што влошувањето на надворешните односи на Турција директно има врска со проблемите внатре во Турција: борбата против движењето на Ѓулен и борбата против ПКК. 

Хуриет - Анкара