Македонија
24. October 2017 - 16:34

Кривичниот совет расправа за екстрадиција на Грујевски и Бошковски - Солунскиот суд им суди за фалсификувани пасоши

Барањето на министерството за правда од апелциониот суд пристигна во рацете на судиите од одделението за организиран криминал во скопска единица. Кривичниот совет го комплетира предметот за Грујевски и Бошковски, со кое македонското министерство ќе бара екстрадиција на двајцата разузнавачи од властите во Грција. Од судот потврдија дека советот работи на предметот, а списите најверојатно утре ќе бидат испратени во апелација

По преводот на документите министерството ќе ги испрати во Солун.

Таму денеска на обвинителна клупа седнаа и Грујевски и Бошковски за предметот кои судот во Грција го води за употреба на лажните патни исправи со кои беа фатени на аеродромот во обид да ја напуштат земјата. 

По неколку часовен обид да се обезбеди преведувач, по втор пат, според информациите од Солун е одложена постапката по овој предмет.

Грујевски и Бошковски во Македонија се браат за постапката која против нив ја води СЈО во случаите Тврдина и Таргет за уништување на опремата за прислушување.