Македонија
28. јуни 2017 - 14:08

Кривични пријави за двајца стружани за нелегално градење

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.И. (82) од струшкото село Подгорци и А.Е. (56) од селото Калишта.

Пријавениот С.И., како што соопшти СВР Охрид, нелегално, односно без одобрение почнал со градба на ограда  со должина од 6,90 метри и висина од 0,35 метри на катарстарска парцела 595 во селото Подгорци. Второпријавениот А.Е., според соопштението, со нелегална градба отпочнал на катарстарска парцела 407/1 во струшкото село Калишта со должина од 55 метри +24 метри, а на површина од 1.281 метри квадратни. 

Од страна на градежна инспекција при општина Струга донесено е решение за  отстранување на нелегалните градби.