Македонија
16. February 2016 - 16:44

Кривичната за Бобо Дајнерс во Јавното обвинителство

Белиот луксузен џип во кој се вози Шеќеринска стои паркиран пред станот во кој таа живее со својот сопруг Божидар Јанковски. Тоа е истиот стан кој го држи рекордот  кога станува збор за месечната кирија по која се изнајмува. Кога ги разгледувате овие станови на брегот  во луксузниот дел на Мајами, можеби киријата од над 5.000 долари и не изгледа така висока.

За неа добивате прекрасен поглед на океанот нешто над 200 метри квадратни станбен простор и соседи од светскиот џет сет.

Но кога ќе го погледнете овој стан во скопско Тафталиџе треба да имате предвид дека за него, месечната кирија чини невојатни 5.300 евра. Барем толку, сопругот на Шеќеринска си плаќа самиот на себе. Експертите кои ги контактираше Сител велат дека ова е познат начин кој се користи за затајување на данок.

Токму затоа, Министерството за внатрешни работи веќе му поднесе кривична на сопругот не Шаќеринска, Бобо Дајнерс во која тој се сомничи за даночно затајување и залоупотреба на службената положба и овластување.

Според пријавата на полицијата , во периодот од 1 јануари 2009та до 31 12 2013та односно во периодот од 5 години, по основ на закуп на станови, Јанковски и неговата мајка во својство на физички лица закуподавци од една страна и повторно пријавениот од друга страна како одговорбно лице во Дајнерс Клуб интернационал мак дооел како закупец, склучил повеќе доовори за закуп на станбен простор. СТанува збор за три станови во Скопје и еден во Охрид. На тој начин, Јанковски сам на себе за кирија си платил над 300.000 евра за помалку од 5 години.

Кириите на становите кои сам на себе си ги изнајмувал се движеле од рекордната 5.300 евра месечно за овој стан на улицата Хаванска во скопско Тафталиџе, 2600 евра за станот на Партизанска и 2100 евра месечно за овој стан на улицата Васил Ѓоргов во Скопски Центар. За станот во Охрид, киријата која Јанковски си ја плаќал са на себе изнесувала 1.800 евра.

Дека станува збор за непазарна цена чија единствена цел според пријавата на полицијата била даночно затајување, покажува и мало пребарување по огласите за недвижности низ Скопје.

Доколку сакате да ја изнајмите оваа куќа на пет нивоа во елитниот дел на Водно, комплетно опремена, месечно ќе ве чини 3 ипол пати поевтино од станот на Шеќеринска и Јанковски на Водно или 1.600 евра.

СДСМ вчера во соопштение ги обвини медиумите дека лажат во врска со кривичната против сопругот на Шеќеринска но денеска од Обвинителството потврдија дека ја примиле пријавата од полицијата но не откриваат дали ќе побараат Бобо Дајнерс да биде префрлен во притвор или ќе му дозволат да се брани од слобода.