Македонија
20. February 2018 - 11:40

Кривична за велешанец: Признал дека имал полов однос со малолетничката од „25 Мај“

СВР Велес до надлежното ОЈО Велес, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – “полов напад врз дете“ (по член 188 од КЗ на РМ) поднесе кривична пријава против лицето Е.Х. (18) од Велес.

-Имено, како што претходно (16.02.2018) МВР ја информираше јавноста, по пријава од страна на ЈЗУ Општа болница Велес на 13.11.2017 година од крајот на минатата година за донесена малолетничка во безсознание, СВР Велес по доставено барање до надлежното ОЈО за писмена наредба за вршење преглед врз детето, презеде мерки и активности при што беше идентификуван сторителот Е.Х., кој што во рамки на документирањето на случајот го призна делото и потврди дека имал полов однос со малолетничката, штитеничка на ЈУ за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми, информираат од МВР.