Македонија
20. January 2017 - 17:10

Кривична за тројца управители на стрелачки клуб во Штип

Претседателот на здружението „Стрелачки клуб – Штип“ и тројца управители, сите на возраст помеѓу 50 и 62 години, заработија кривични пријави за сторени неколку кривични дела, при кои се стекнале со противправна имотна корист во висина од над 32 000 евра. Првопријавениот, односно претседателот си присвоил 1, 3 милиони денари во измионатиот 4 годишен период, приход остварен преку правното лице „Стрелец 2008“ од Штип врз основа на наплата на услуги за полагање со дополнително оружје. Прво, второ и трето пријавените, како управители на фирмата, наместо парите да ги уплаќаат како дневен промет, му ги предавале на претседателот.

Во периодот од 1 јануари 2015 до 30 јули 2016 година првопријавениот противправно за себе присвоил уште околу 13.000 парчиња муниција останати од извршените обуки и полгање, а во вредност од околу 445.000 денари.- изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип

Исто така во повеќе наврати незаконски потпишувал испратници за гориво кое не било полнето во службеното возило, во износ од над 202 000 денари. Набавил и над 2000 броја прирачници за ракување со огнено оружје кои на кандидатите им ги нудел под набавената цена. По извршениот претрес на неговиот дом пронајдена и одземена е поголема количина на муниција.