Кривична за стружанец за кражби на радијатори, алат и кабли
Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (34) од Струга осомничен за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“.
Н.М. ги сторил делата во периодот од 25 декември 2017 до 14 јануари 2018 година во магацински простор и во даночното одделение на Управата за јавни приходи во Струга, како и во помошна просторија во струшкото село Радолишта.
Во објектот на даночното одделение на УЈП влегол со употреба на сила и тврд предмет и одзел радијатори и вентили, предизвикувајќи материјална штета околу 60.000 денари. Во магацинскиот простор влегол со употреба на сила и подесен алат и одзел еден апарат за заварување, две брусалки, 50 метри електричен кабел и една поголема вреќа со бакарни жици и кабли.
- На тој начин предизвикал материјална штета од околу 32.500 денари. Во помошните простории во Радолишта влегол со помош на клучот кој бил оставен до вратата и одзел една моторна пила, флекс-машина и комплет кутија со алати со што причинил материјална штета од 40.000 денари, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата