Македонија
24. March 2017 - 14:32

Кривична за сопственикот на кучињата од Бачишта кои усмртија дете

Полицијата поднесе кривична пријава против Ш.В. (49) од кичевското село Бачишта, чии овчарски кучиња минатата недела нападнаа четиригодишно дете.

Како што соопшти МВР, пријавата е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со „предизвикување општа опасност“. 

Немилиот настан се случи на 16 март кога Ш.В. ги пушти кучињата неконтролирано да се движат во близина на неговото трло со овци. Тие го нападнаа четиригодишно дете кое излегло само од дворот на куќата во која живеело. Од тешките телесни повреди што ги здоби при нападот, детето на 19 март почина.