Македонија
29. May 2017 - 14:36

Кривична за прилепчанец: Му раскинала девојката па поставил бомба под колата на мајка и

39-годишниот И.А. од селото Ново Лагово, прилепско заработи кривична бидејќи минатата година поставил бомба под возилото на поранешната девојка.

Полицијата денеска информира дека прилепчанецот поставил импровизирана експлозивна направа на патничко возило „Даеву Нубира“, во сопственост на 53-годишната Ж.Т. инаку мајка на Б.М, со која претходно бил во љубовна врска.

Импровизираната направа експлодирала и го оштетила возилото.

За среќа немало никој во него.