Македонија
17. March 2018 - 11:24

Кривична проитив скопјанец што ограбувал аптеки

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против скопјанецот С.Х. (40) поради сомнение дека двапати ограбил аптеки со што стекнал противправна имотна корист од 31.330 денари.

Кривичните дела С.Х. ги извршил минатата недела, од седми до 13 март, во вечерните часови, во аптеки во Аеродром и Ѓорче Петров.

Според МВР, откако С.Х. ќе се уверел дека нема да биде забележан од никого, влегувал во аптеките со пиштол и со закана по животот кон вработените, од касите одземал пари и други производи од сталажите, по што го напуштал местото на настанот.

По преземени оперативни активности, завчера, врз основа на претходно добиена наредба од Основен суд Скопје 1, извршен е претрес во домот на С.Х., а прегледан е и видео материјалот од безбедносните камери на двете аптеки. Извршено е и препознавање од страна на вработените кои потврдиле дека С.Х е сторител на кривичните дела.