Македонија
24. March 2017 - 13:16

Кривична пријава за насилство за претседателот на ОО на СДСМ Куманово

СВР Куманово денеска излезе со соопштение во врска со настанот во кој е инволвиран претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, а кој се случи пред три дена во 19:40 часот по завршување на протестниот марш „За заедничка Македонија“ на улицата „Илинденска“ пред зградата на поранешен Комитет.

Во соопштението од СВР се наведува дека при заминување на трактористите кои учествувале на маршот биле пресретнати од 34-годишниот М.К., претседател на општинската организација на СДСМ Куманово кој, како што стои во соопштението се нафрлил на првиот трактор и удирајќи по тракторот управуван од 56-годишниот Р.Ц. од село Пчиња му упатил навреливи зборови. Потоа, М.К се упатил и кон вториот трактор, управуван од 23-годишниот Н.М. од Пчиња и како што стои во соопштението, без никаков повод и причина го навредувал, го повлекол од тракторот и физички го нападнал, удирајќи го со тупаници по телото, нанесувајќи му телесни повреди-контузија на вратната кичма.

Од полициските сужбеници од СВР Куманово се преземени мерки и актвности за расчистување на случајот, при што лицето М.К. е приведен во просториите на СВР, извршено е алкотестирање,при што се утврдени 1,47 промили алкохол во крвта. 

По целосно документирање и расчистување на настанот до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за сторено дело „насилство“.