Македонија
23. February 2018 - 13:48

Кривична пријава за македонски градоначалник

Градоначалникот на општина Василево доби кривична пријава поради измама на своето работно место. Во соопштението на МВР стои дека Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против В.С.(51) од село Едрениково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”. На 25 јуни 2010 година, пријавениот, како градоначалник на општина Василево, изготвил решение за вработување на Г.Ц. на работно место референт во администрацијата на општината Василево, без да изврши увид во доставената документација на лицето и покрај тоа што знаел дека истото е без соодветно образование.