Македонија
23. јуни 2016 - 15:56

Кривична пријава за битолчанец за кражба

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.М.(24) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела, од кои три кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“. 

Како што информира денеска МВР, во март 2016 година пријавениот, искористувајќи ја отсутноста на оштетените и со употреба на физичка сила и подесен алат, обивајќи ги вратите од куќите ги вршел тешките кражби.

И.М. одзел златен накит и поголема сума парични средства и разновидни предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 7.000 евра и 77.000 денари.