Македонија
27. February 2017 - 17:30

Кривична пријава против седум лица од Струмица поради кражба

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Е.Р. (20), Б.Р. (19), А.К. (23), Ј.А. (25), Р.Д. (23), Ѓ.М.(23) и М.Д. (23), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Од МВР информираат дека од 8 до 16 јануари пријавените во неколку наврати од необезбеден погон за производство, лоциран во кругот на АД ИГМ „Еленица“, украле 30 акумулатори при што причиниле материјална штета од 360.000 денари.