Џет-Сет
29. December 2016 - 12:29

Крис Еван најпрофитабилен актер во Холивуд

Ѕвездата на „Капетан Америка“, Крис Еванс ја задржа титулата на актер чиј филм заработил многу пари, според листа на „Форбс“ за најпрофитабилни актери во Холивуд во 2016 година.

Оваа година на секој еден долар што му го исплатило студиото, Еванс на продицентите им возвратил со заработка на 135,8 долари.

Тој оваа година играше во три филма, кои стана блокбастери „Captain America: The Winter Soldier“, „Avengers: Age of Ultron“ и „Captain America: Civil War“.

По него на листата се наоѓа уште еден Крис. Станува збор за ѕвездата на „Jurassic World“, Крис Прат кој изминатава година на студиото му донел 125,4 долари, за секој долар што го довил како хонорар.

Најпрофитабилна актерка е Скарлет Јохансон, која „вратила“ 88,60 долари за секој долар што го добила, со што се најде на трето место на листата. Годинава таа играше во два филма, „Avengers: Age of Ultron“ и „Captain America: Civil War“.

На четврто место е Мила Кунис, на петто Вин Дисел, а натмуа следуваат Џенифер Анистон, Бен Афлек, Роберт Дауни Јуниор, Мет Дејмон и Џенифер Лоренс.

Оваа година најпретплатен актер е Џони Деп кој донел заработка од само 2,8 долари за секој исплатен долар, а по него следуваат Вил Смит и Чанинг Татум.