Балкан
17. January 2018 - 22:26

Кријат од детето: Малолетниот син на Оливер Ивановиќ не знае за убиството

Семејството смета дека веста е претешка за да му се соопшти на дете и треба да му се каже вистината кога сѐ ќе заврши. Шестгодишниот Богдан Ивановиќ е син на убиениот Оливер Ивановиќ, кому сѐ уште ништо не му е кажано во врска со смртта на неговиот татко, рекол неговот чичко Мирослав Ивановиќ.

Да потсетиме, Оливер Ивановиќ беше убиен вчера во Косовска Митровица со четири кушуми во горениот дел од телото во неговата канцеларија. Погребот ќе се одржи утре на гробиштата на Нов Белград.