Свет
9. March 2017 - 16:55

Кремљ: САД не кријат дека го прислушуваат рускиот амбасадор

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков денеска изјави дека Кремљ планира детално да ги проучи податоците кои ги објави Викиликс за глобалното прислушувања на ЦИА, но оти не е тајна дека САД активно ги прислушуваат телефоните на руските претставници.

- Заедно со глобалната заедница секако обрнавме внимание на објавените податоци и секако дека тие заслужуваат внимание и оти мора детално да се проучат, посочи Песков.

Тој додаде дека американските власти го прислушуваат телефонот на рускиот амбасадот во САД, Сергеј Кисљак.

- Вашингтон всушност не се ни обидува да скрие дека активно ги прислушува телефонските повици на руските претставници, на нашиот Кисљак и други, посочи Песков.