Свет
24. July 2017 - 17:12

Кремљ: Новите санкции на САД ќе бидат штетни за две држави

Кремљ денеска ги предупреди САД дека новите санкции кон Русија ќе ги загрозат интересите на двете држави.

- Ние сметаме дека продолжувањето на реториката на санкции е контрапродуктивно и штетно за интересите на двете држави, посочи портпатролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Соработничката на рускииот претседател Владимир Путин, Валентина Матвијенко претходно изјави дека санкциите кои САД сакаат да и ги наметнат на Русија изгледаат како обид Русија да се истисне од европскиот енергетски пазар.

Нејзината изјава уследи откако Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да потпише нов закон за проширување на пакетот санкции кон Русија.