Кремљ: Немаме никави врски со адвокатата Весељницкаја
Кремљ никогаш не бил во контакт со руската адвокатка Наталија Весељницкаја, која минатата година се сретнала со група луѓе од блиското опкружување на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- Веќе кажавме дека не знаеме апсолутно ништо за таа приказна, дека никогаш не сме биле во контакт со таа адвокатка... Таа со нас нема никаква врска, рече Песков на прес-конференција во Москва.
Најстарииот син на Доналд Трамп минатата година се согласил да се сретне со Весељницкаја, за која му било кажано дека е адвокатка на руската Влада која може да има компромитирачки информации за тогашната демократска кандидатка за претседател на САД, Хилари Клинтон, во рамки на гласната поддршка на Москва за неговиот татко, покажуваат мејловите што синот на Трамп ги објави вчера.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација