Свет
19. September 2017 - 14:37

Кремљ: Евентуалната испорака на оружје не носи стабилност

 Евентуалната американска испорака на оружје на Украина нема да донесе стабилност на истокот од земјата, соопшти денеска Кремљ.

Претседателот на Украина, Петро Порошенко напиша на своите профили на социјалните  мрежи дека Сенатот одобри снабдување на Украина со оружје за одбранбени цели.

Тој наведе дека,  според законот усвоен во САД, вкупно 500 милиони се наменети за поддршка на украинската одбрана и безбедност.

- Тоа е изјава на Порошенко. Немаме изјава од американската страна за ова, изјави портпаролот на Кремљ,  Дмитриј Песков.