Македонија
25. November 2017 - 8:27

Креативна работилница „Благодарен сум за...“

 Креативна работилница на тема „Благодарен сум за...“, наменета за родители со деца на возраст од три до седум години, ќе се одржи денеска  во Ресурсниот центар на СОС Детско село  во дворот на градинката „25 Мај“, објект Искра, во општина Гази Баба.

На работилницата, под водство на ликовни педагози, децата и родителите ќе имаат можност да цртаат на бели чаши и  бели маички.

Насликаните предмети ќе бидат дадени за продажба на новогодишен базар, а собраните пари ќе бидат донирани за деца кои се во социјален ризик.

Ликовната работилница е дел од програмата Општинско корисна работа, а ја реализираат општина Гази Баба во партнерство со СОС Детско село  Македонија.