Македонија
14. September 2015 - 12:02

Кражба во скопски Илинден, штета 550 илјади денари

Непознат сторител извршил кражба во куќа во скопската населба Илинден, при што направил штета од 550 илјади денари.

- Со употреба на погоден предмет непознат сторител во саботата насилно ја отворил балконската врата од куќата сопственост на Д.С.(41) на ул. „8“ во скопската населба Илинден, извршил тешка кражба при што одзел златен накит, 5.500 евра и два женски рачни часовници, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 550.000 денари, соопшти МВР.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.