Македонија
19. January 2018 - 12:53

Кражба на „Партизанска“: Го оставил клучот во бравата, еве без што остана

Вчера во 17,25 часот Б.П.(25) пријавил дека истиот ден околу 16,15 часот на бул.“Партизански Одреди“ од страна на непознат сторител било одземено патничко моторно возило “Голф- 6“ со скопски регистерски таблици во кое имало еден лап топ компјутер, Ајпод мини и еден пар скијачки џизми.

Одземањето било извршено на тој начин што откако сторителот дошол до паркираното возило кое било запалено и со клуч во брава, влегол во истото, го ставил во движење и заминал во непознат правец, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу од 700.000 денари. 

Се работи на целосно расчистување на случајот.