Македонија
12. December 2017 - 13:33

Кражба на Клиника: Додека чекал во болнички ходник, му го украле пиштолот, еве каде го најдоа

Полицијата соопшти дека вчера во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ бил пронајден пиштол „Глок 17 “ калибар 9 мм, сопственост на Х.И. (31) кој претходниот ден бил предмет на тешка кражба.

Инаку, пиштолот бил одземен на 10.12.2017 година во 15.00 часот во комплексот „Мајка Тереза“ од страна на непознат сторител.

Додека пријавителот седел во ходникот од болнички објект, сторителот  му ја земал чантата во која бил пиштолот, по што побегнал од местото.