Балкан
24. February 2018 - 10:08

Кражба на бензинска: Застана да наточи гориво, па сам се послужи додека чекаше

На Фејсбук страната Подгорички времеплов, се појави снимка од кражба на бензинска пумпа што го насмеа целиот регион.
 
Видеото покажува како постар човек од поголема градба со “брзи” движења прво го зема едното и другото шише од полицата пред влезната врата во пумпата, веројатно мислејќи дека никој не го гледа.
 
Не знаеме каков епилог имаше оваа кражба во самата пумпа, но коментарите на Фејсбук се повеќе од закон.