Македонија
20. October 2017 - 13:16

Кражба како на филм: Прилепчанка доживеа пекол во својот дом

Две маскирани и вооружени лица со нож ноќеска физички ја нападнале И.Ј. (49) во нејзината куќа во Прилеп, ја врзале со селотејп трака, по што украле златен накит и побегнале од место на настанот.

Како што соопшти МВР, случајот во полиција бил пријавен утрово околу 4 часот. Куќата на нападнатата се наоѓа на илицата „Борка Талески“ во Прилеп 

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.