Македонија
9. July 2017 - 16:36

Kратово беше домаќин на седмиот „Eвропски тамбурашки фестивал“

Општина Кратово по седми пат беше домаќин на меѓународната манифестација „Европски фестивал на тамбурашки оркестри“. Фестивалот го отворија локалниот оркестар „Кратовски тамбураши“ и легендата на македонската тамбурашка музика Нино Величковски. Меѓународен призвук на фестивалот му дадоа настапите на хрватскиот состав „Беќаруше“ од Славонска Пошега, српскиот оркестар „Тамбураториум“ од Панчево и босанските уметници „Пелагиќ“ од Бања Лука.

Настанот го организираше Здружението за култура и уметност „Св.Ѓорѓи Кратовски“, а под покровителство на Министерството за култура и градоначалникот на Кратово.
-Ова беше одлична можност за љубителите на тамбурата да уживаат во прекрасните изведби на тамбурашките оркестри. Публиката беше навистина задоволна, само жал ми е што не присуствуваа во поголем број и да уживаат во звуците на тамбурата. До крајот на гоината ќе имаме уште настани, со цел да го збогатиме културно-забавниот живот во Кратово за да може кратовци да уживаат во овие манифестации – истакна градоначалникот Мите Андоновски.

Со громогласен аплауз од публиката, за победник на фестивалот беше прогласен тамбурашкиот оркестар „Пелагиќ“ од Бања Лука.