Краткометражниот филм „Борба за смрт“ селектиран за четири интернационални фестивали
Краткометражниот филм „Борба за смрт“ е селектиран да учествува на четири интернационални фестивали кои ќе се одржат во текот на октомври.
Филмот ќе има африканска премиера на Медитеранскиот фестивал за краток филм во Танџер, Мароко, а во исто време ќе се прикажува во официјална конкуренција на Интернационалниот филмски фестивал во Ханченг, Кина. Селектиран е и на фестивалот „kurz.film.spiele“ во Констанц, Германија, а „Борба за смрт“ е дел и од селекцијата на македонски филмови кои ќе се прикажат на фестивалот „Sedicicorto“ во Италија.
- Се радуваме што со премиерата во Мароко достигнавме една цел која си ја поставивме на почетокот - филмот да учествува на фестивали на секој континент во светот, велат од продукцијата.
Во меѓувреме, „Борба за смрт“ освои уште една награда за најдобар краток филм-комедија на фестиалот Balkan Film & Food Festival, кој се одржа во Поградец, Албанија. Ова е трета меѓународна награда за филмот после наградата „Златна мачка“ за на Филмскиот фестивал за краток филм во Измир, Турција и награда за Најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал за краток филм во Драма, Грција.
„Борба за смрт“ досега учествуваше на триесетина фестивали, вклучувајќи голем број на фестивали кои се квалификациски за БАФТА, Оскар и Европските филмски награди.
Парадоксалната драма во која двајца старци се расправаат за последното гробно место во едно запустено македонско село се снимаше минатото лето во мариовското село Кален.
Сценариото и режијата се на наградуваната македонска филмска авторка Елеонора Венинова, продуцент е Гоце Кралевски од ДНФ филмс. Во улогата на двајцата дедовци се актерите Мите Грозданов и Илија Струмениковски, а директор на фотографија е Димо Попов. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм во соработка со Канал 5 телевизија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација