Краткиот игран филм „Види ја ти неа“ во април на фестивал во Виена
Краткиот игран филм „Види ја ти неа“ по сценарио и режија на Горан Столевски идниот месец ќе се натпреварува во програмата на 6. LЕТ’S CEE филмски фестивал во Виена.
Фестивалот под мотото „Опасно добри филмови“ ќе се одржува од 13-ти до 22 април, Во фокусот се филмови од Централна и Источна Европа, Турција и регионот Кавказ.
Филмот на Столевски, кој победи на фестивалот Санденс, во Виена ќе има две проекции, на 19-ти и на 22 април. „Види ја ти неа“ е приказна за Анета, девојка што се обидува да ги реши проблемите во семејството и училиштето, вклучувајќи се во исклучиво машки верски ритуал - скокање по крстот за Водици.
Улогите ги толкуваат Сара Климоска, Игор Ангелов, Пируника Киселички, Антонија Белазелкоска, Милица Стојанова, Жарко Јовановиќ, Иво Антов, Виктор Арсов, Симон Манасковски, Изабела Новотни и Горан Илиќ.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор