Крај на студот, УХМР најави промена на временските прилики
Нов влажен бран со дожд, снег и пораст на температурата ќе ја зафати Македонија од петок. Утре изутрина ќе биде многу студено, во поголем дел од земјава под -15 степени, а во текот на денот претежно сончево со пораст на дневните температури.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во петок ќе дува и умерен ветер од јужен правец, а максималните температури насекаде ќе бидат позитивни. Кон крајот на денот и во сабота на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места и дожд и снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. Долж Повардарието и во јужните делови на пониските места ќе има намалување на снежната покривка.
Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневната температура ќе биде околу нулата.
Ново на Сител
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Се заокружуваат предизборните коалиции
-
Азески: Економијата да биде приоритет, а политичарите да ги исполнат ветувањата
-
Приватните специјализанти на протест – нема корекција на плати пред избори, им вратија надлежните
-
Студентите не можат да ги искористат можностите во целост бидејќи Македонија не ги следи европските трендови
-
Македонија со најмал број студенти по новинарство во регионот, преку проекти се нуди решение за проблемот
-
Србија на нозе, втор ден се трага по 2 годишната Данка
-
Преглед на вестите од светот