Крај на студот, УХМР најави промена на временските прилики
Нов влажен бран со дожд, снег и пораст на температурата ќе ја зафати Македонија од петок. Утре изутрина ќе биде многу студено, во поголем дел од земјава под -15 степени, а во текот на денот претежно сончево со пораст на дневните температури.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во петок ќе дува и умерен ветер од јужен правец, а максималните температури насекаде ќе бидат позитивни. Кон крајот на денот и во сабота на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места и дожд и снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. Долж Повардарието и во јужните делови на пониските места ќе има намалување на снежната покривка.
Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневната температура ќе биде околу нулата.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море