Свет
29. September 2015 - 15:45

Крај брегот на Либија спасени 346 мигранти од три гумени чамци

Либиската крајбрежна стража соопшти денеска дека спасила во изминатата ноќ 346 мигранти во три гумени чамци крај Гарабули на 60 км. источно од Триполи.

– Чамците беа пресретнати на околу 20 километри крај Гарабули и Гот ел Роман. Во првите два чамци имаше вкупно 230 мигранти меѓу кои 34 жени и четири деца, а во третиот 116 луѓе меѓу кои 54 жени и две деца, изјави претставник на крајбрежната стража.

Мигрантите биле пренесени во поморска база во Триполи. Италија соопшти дека само вчера во 11 операции во крајбрежјето на Либија биле спасени 1.151 лице.