Кошарка
20. January 2017 - 11:24

Кожув го победи Куманово во македонското дерби во БИБЛ

Македонското дерби меѓу во регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ) му припадна на  Кожув кој славеше победа во дуелот против Куманово. 
 
На средбата одиграна во Гевгелија, а во рамките на групата А во БИБЛ лигата, кошаркарите на Кожув го победија Куманово убедливо со 18 разлика (89-71). 
 
Домаќините беа сигурни во сите четири периоди кои ги добија со 22-13, 18-17, 25-21 и 24-20.
 
Српскиот интернационалец Миливоје Мијовиќ со 22 и Американецот, Кенион МекНил со 21 поен, беа најефикасните кошаркари во победничката екипа, додека кај гостите од Куманово, Днило Мијатовиќ средбата ја заврши со 20 постигнати поени. 
 
Кожув и Куманово веќе утре (сабота) ќе одиграат нов натпревар и тоа во рамките од 9.коло на кошаркарскиот шампионат на Македонија.