Бизнис
22. November 2016 - 16:59

Ковачевски нов директор на ОНЕ ВИП

Смени во телекомуникацискиот бизнис. Димитар Ковачевски од македонски Телеком е назначен за извршен директор на Оне. Вип. Крајот на декември седнува на местото на Никола Љушев, кој од функцијата се повлекува поради  лични причини, стои во соопштението на ОНЕ ВИП. Љушев раководеше со компанијата од нејзиното основање, од  2007 та година. Беше предводник на крупните структурни промени со што ја позиционираше компанијата во најуспешен и најбрзорастечки оператор. Добитник е на две признанија од престижниот меѓународен магазин  Глобален Телеком Бизнис во 2010 и 2011 година, како еден од 40 те врвни и најуспешни светски менаџери под 40 години.

Ковачевски пак, 18 години работеше во Македонски телеком на различни  позиции , меѓу кои  Директор на секторот за комерцијални корисници, директор на маркетинг комуникции и односи со јавност, директор  за маркетинг и продажен менаџмент, а во исто време дел од многу стартегиски корпоративни прокети.  Ковачевски  е доаѓа кога телекомуникациските оператори имаат речиси ист број корисници на пазарот.  Спојувањетро на Вип и Оне  во една компанија  – од октомври минатата година донесе многу  промени внатре во компанијата, меѓу кои и напуштање на дел од менаџерите на раководни позиции. Согласно договорот  од октомври 2014 та годинаТелеком Австрија поседува  55 %, додека Телеком Словенија 45% , со можност  од 2017 та да ги продаде  целиот  удел  на австрискиот опертор, чиј мнозисни сопственик од 2014 та година. е мексикансиот милјардер Карлос Слим.