Балкан
22. September 2016 - 19:30

Ковач: Хрватска сака единствена и силна БиХ

Шефот на хрватската дипломатија Миро Ковач денеска изјави дека Загреб не поддржува какви било акции кои би го загрозиле опстанокот на Босна и Херцеговина.

- Ние сакаме единствена и силна БиХ, во која сите три народи ќе бидат уставотворни и рамноправни, посочи Ковач во Њујорк.

Тој додаде дека Хрватска како потписничка на Дејтонскиот договор ќе се залага БиХ да опстане како држава и ќе ја поддржува во нејзините аспирации кон Европска унија.