Македонија
9. October 2017 - 14:05

Костовски: Урбана општина Бутел со уредено коритото со трим патеки на реката Серава, три нови паркови, атмосферска канализација за улиците и изградба на кошаркарски терени и улични фитнес зони во секое маало

На вчерашниот  настан „Live Chat“ организиран од  ВМРО-ДПМНЕ кандидатот за градоначалник   за општина Бутел Дарко Костовски одговараше на прашања,кои граѓаните директно можеа да  му  ги  постават  преку социјалните мрежи и непосредно да ги кажат своите проблемни во општината.
 
На прашањето  дали ќе се уреди коритото на  реката Серава и дали ќе се изгради пристапна патека,кандидатот за градоначалник   од редовите на ВМРО-ДПМНЕ   за општина Бутел, посочи дека во неговата програма еден од приоритетите е уредување на  и разеленување на реката Серава,со поставување на трим патеки  чија основна цел ќе биде рекреирање,спортување и пешачење на граѓаните,со тоа конечно коритото би  го  добило посакуваниот урбан изглед.
 

За оваа корито на реката Серава  е изготвена и визуелизација,деновиве на мојата фан страна може да се види и навистина има многу позитивни реакции и јас сум сигурен доколку ја добијам довербата и станам градоначалник  оваа ќе биде еден од  моите приоритети на територија на Општина Бутел,посочи  Костовски.

На прашањето на „Live Chat“ граѓаните го прашаа  Костовски дали во во Бутел планира изградба на нови паркови и повеќе зеленило во општина Бутел,на што Костовски додаде дека се предвидени  три нови паркови во општина Бутел.

-Едниот на локацијата кај старите отпади,веднаш до кружниот тек.Голем модерен парк со  со нови дрвни насади со  мини-детски игралишта,со убава голема фонтана, додаде Костовски.

-Сметаме дека  тој предел навистина заслужува парк и граѓаните кои живеат во тој дел,навистина имаат потреба и бараат еден парк за да може да се рекреираат.Но тоа е исто така голем проект во смисла на екологијата во Бутел,вели Костовски.

Еден парк имаме предвидено   на влезот на населеното место ,,Расадник” овој парк ќе биде помал парк опремен и уреден со фонатана и други содржини и  уште еден голем убав парк над населбата Радишани,истакна Костовски.

Исто така тука ќе се постават трим патеки  за џогирање,така да во однос на парковите ќе има три нови  големи паркови на територија на  Општина Бутел,рече Костовски

На прашањето на граѓаните поставено преку live-chat,дали се планирани нови детски градинки,Костовски анализираше дека   во општината на вистина имало потреба од  изградба на нови детски градинки и за тоа се планирани  три  нови градинки.

-Една градинка е предвидена во селото Радишани,една во населеното место  ,,Свети Климент –Охридски” веднаш близу до училиштето и една во населеното место ,,Живко Брајковски”,посочи Костовски.

Граѓаните му поставија прашање на кандидатот  за градоначалник  за Општина Бутел,Дарко Костовски околу решавање на проблемот со атмосферската канализација на улица Петар Манџуков,на  што Костовски одговори  дека предвидена е комплетно нова атмосферска  мрежа во повеќе населени места низ општината.

-Во соработка со град Скопје,решавaњето на атмосферската канализација ќе биде еден од моите врвни приоритети во донос на инфраструктурата,за да конечно нема никаков проблем во  однос на отпадните води кои се прават од дождовите,рече Костовски.

Во однос на прашањата околу развитокот на спортот во Бутел,Костовски истакна дека     во неговата програма биле предвидени над 20 проекти за спорт,кои опфаќаат изградба на кошаркарски игралишта во секое место,изградба на улични  фитнес зони и  еден модерен спортски комплекс  во ,,Расадник”  каде ќе има  голем фудбалски терен.