Македонија
28. јуни 2017 - 14:30

Костовски: СДСМ порача дека единствен закон кој тие го признаваат е законот на партиската книшка

СДСМ им порача на граѓаните дека единствен критериум и закон кој тие го признаваат е законот на партиската книшка, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

- За нив тоа е лична карта од која зависи дали некој ќе земе пензија, ќе се вработи, ќе му биде пружена лекарска помош, ќе добие социјална помош, ќе може да извади имотен лист. Ваквото признание е фрапантно. Не смееме да дозволиме масовна партизација и зграпчување на целиот систем препуштајќи на самоволието на една партија, изјави Костовски.

Остварувањето, продолжи Костовски, на основните човекови права е столбот во едно општество и нивното остварување не треба да зависи од тоа дали некој е или не е член на СДС.

- Строга нотирана насока од страна на Европската Унија е задржувањето на департизиран систем. Она што го кажа пратеникот од СДСМ е се само не е тоа. Затоа апелираме и од Европската унија одблиску да го следи работењето на СДС, да реагира и го осуди ваквото однесување кое во спротивност со препораките од Европската комисија, изјави Костовски.

Нагласи дека ниту СДС ниту Зоран Заев не се одзвал на апелот да го разрешат од партија и исклучат од пратеничката група на СДС пратеникот Курто Дудуш кој го даде ова фрапантно признание.

- Тоа значи дека СДС не само што искрено не го осудува, туку и дава поддршка и стимулира ваков систем на работење, изјави Костовски.