Бизнис
17. October 2015 - 19:40

Костадиновски: Земјоделците генерално задоволни од мерките што ги презема државата

По еден милион евра годишно изминативе 4 години министерството за земјоделие го помага производството, пласманот и извозот на земјоделските продукти од источниот регион. Ова денеска го истакна ресорниот заменик министер Ване Костадиновски на средбата со земјоделците од Делчево. Тие од своја страна посочија дека поради невремото на почетокот на годината, ќе потфрли производството кај овошните насади под сини сливи и вишни, засадени на вкупно 900 ха. Костадиновски најави дека согласно календарот ќе бидат иплатени субвенциите.

Ги интересира и она што значи предавање во препработувачките капацитети, каде исто така им се обезбедени по 2- 2и пол денари по предаден килограм овошје во преработувачкиот капацитет-изјави Ване Костадиновски, зам. мин. за земјоделие

По вчерашната заплена на 3 и пол тони илегално откупен тутун, првиот човек на државниот инспекторат за земјоделие, Рубен Стаменов, изјави дека според Законот, регуларен откуп на тутун не може да се врши пред 15 ноември.

Јасно кажувам дека нема да се дојде до саканата субвенција за тутунопроизводителите, бидејќи тутунот се предава на „црн“ пазар- изјави Римен Стаменов, раководител на државниот инспекторат за земјоделие

Стаменов апелира до откупувачите да се придржуваат кон пропишаните законски норми, во спротивно ќе бидат преземени соодветни санкции.