Балкан
21. March 2018 - 8:53

Косовските пратеници ќе гласаат за демаркацијата на границата со Црна Гора

Косовскиот парламент по речиси деветчасовна дебата,гласањето за  договорот за демаркација на границата со Црна Гора го остави за денеска во 11 часот.

Дека нема да се гласа беше јасно час пред полноќ кога дел од пратениците,почнаа да ја напуштаат собраниската сала,што беше потврда дека владејачкото мнозинство го нема потребнот број гласови.

Претходно,дека нема да се гласа,можеше да се насети и од изјавата на премиерот Рамуш Харадинај,кој излагувајќи на кус одмор од собранската сала,на новинарите им рече дека  пратеникот од Демократскиот сојуз на Косово,Рамиз Келменди, кој не прсуствуваше на седница, поради здравствени прични „во Парламентот ќе се врати утре“ .

Премиерот Харадинај при крај на седницата поворно ги повика делегатите да гласаат за договорт за демаркација на границата,за да земјата не биде и понатаму блокирана.

- Јас денес сум тука,утре не,но искористете го она што му остана на Косово за да ја заврши својата работа. Доколку сакате ќе останеме вака блокирани,изолирани на едно место.Единствена молба која ја упатувам до вас е да не го обезвреднувате извештајот на државната комисија,да не кажувате нешта предвреме.Не заборавете дека многу точки во договорот можеби има потреба да се корегираат, рече Харадинај,апелирајќи до пратениците да го гласаат договорот.

Во првото обраќање пред пратениците тој гарантираше дека ратификацијата на овој закон не ја загрозува територијата на Косово и оти тоа е во интерес на иднината на косовските граѓани.

Тој, исто така, рече дека гласањето за наведениот закон „е глас за иднината и слободата на движење".

- Ве уверувам дека ратификацијата на овој закон не е закана за територијата на Косово, одлуката е во вашите раце, вашиот  глас денес е за иднината на граѓаните, порача Харадинај.

На седниците, не присуствуваа пратениците од „Српска листа“ и единствено коорднаторот на оваа пратеничка група не се обрати.

Коорднаторите на пратеничките групи на партиите од владејачкото мнознство, Демократскиот сојуз,Демократската партија,Алијансата за иднината на Косово,Иницијативата за Косово и пратеничката група од немнознските заедници се изјаснија дека ќе гласаат за демаркацијата.

Пратенците од Движењето „Самоопредлеување“ и отцепеното крило на движењето кои сега делуваат како независна група(вкупно 31 пратеник) повикаа да не се гласа повторувајќи дека со договорот Косово губи 8.200 хектари од својата територија. Потоа следуваше маратонската дебата во која учествуваа партениците кои имаа можност да зборуваат по десет минути.

Вчерашната седница, беше четврти обид за еден месец да се гласа демаркацијата,но беше прва седница на која се разви дебата за тоа прашање.