Косовските партии бараат и Парламентот да биде вклучен во дијалогот со Србија
Пратеници од главните политички партии во Косово побараа дијалогот со Србија да не го води само Владата, туку во него да биде вклучен косовскиот Парламент.
Како што јави дописникот на МИА, на тркалезната маса на тема „Улогата на Парламентот во иднината на дијалогот Косово-Србија“, Глауф Коњуфца од Движењето Самоопределување оцени дека досега во разговорите меѓу Приштина и Белград изостанала транспарентноста.
Затоа, спред него, Парламентот треба да биде „епицентарот“ на разговорите.
- Собранието треба да биде епицентарот на дијалогот и градител на овој дијалог во тесна соработка со Владата и другите субјекти, без разлика дали се на власт или во опозиција, смета Коњуфца.
Ахмет Исуфи од Алијасата за иднината на Косово (ААК) на премиерот Рамуш Харадинај, исто така, побара да се смени форматот на дијалогот.
- Деградацијата на дијалогот што се случи во Брисел меѓу Косово и Србија не натера да кажеме дека овој дијалог е штетен и затоа неговиот формат треба да се промени. Косово треба да има првична платформа и да оди на разговори за теми кои се корисни за Косово и за подобрување на односите меѓу Косово и Србија. Покрај учеството во создавањето на платформата, која точно ќе ги определи сегментите на разговорите, како и претставниците на косовската држава во разговорите, неопходно е да поднесуваат извештај до косовскиот Парламент, изјави Исуфи.
Елми Релица од Демократската партија на Косово (ПДК) пак смета дека Парламентот не само што треба да биде вклучен во разговорите, туку треба да биде и клучен фактор во процесот, кој, според него, треба да се реформира.
- За секој договор околу дијалогот со Србија, Парламентот треба да има клучна улога и треба да биде информиран за се од оние кои го водат дијалогот, посочи Речица.
За неговот колега Билал Шерифи од Иницијативата за Косово не треба да се продолжи со досегашната политика и не треба да се донесуваат одлуки кои државата ја доведуваат во потешкотии, како што е случајот со Договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто