Балкан
20. April 2016 - 16:59

Косовската Влада усвои мерки против финансирањето на тероризмот

Косовската Влада усвои нацрт-мерки против финансирањето на тероризмот и перењето пари и даде зелено светло истите да бидат проследени до Парламентот.

Новите мерки се оценуваат како „многу значајни“ во борбата против екстремизмот, наведе Владата во лиферуваното соопштение, не изнесувајќи други информации.

Според властите во Косово, се верува дека околу 70 државјани на Косово се уште активно се во редовите на Исламска држава.

Минатата година Косоводонесе закон со кој се предвидува затвор до 15 години за лицата кои учествуваат во оружени судири надвор од земјата.