Балкан
19. January 2017 - 17:18

Косово побара од САД и ЕУ осуда на „српските провокации“

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај им се обратил писмено на неговите колеги во Европската унија, САД и на други земји за да ги осудат „многубројните акти на провокација и агресија“ од страна на Србија. 

Според извори од Владата, Хоџај ја повикал ЕУ, која е посредник во дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина да ја повика Србија „да се придржува кон добрососедските односи“, јави БТА. 

Односите меѓу Србија и Косово се влошија минатиот викенд, откако српски воз, на кој имало српски национални симболи и написи „Косово е Србија“ беше вратен од косовската граница. 

Косово прогласи независност во 2008 година, но Србија не ја признава.