Балкан
18. April 2017 - 15:01

Косово ќе купува хеликоптери

Косовскиот премиер Иса Мустафа денеска именуваше меѓуминистерска комисија која треба да создаде услови за купување на хеликоптери.

Во соопштението на косовската Влада се истакнува дека е неопходно да се опремат косовските институции со хеликоптери, кои ќе треба да се соочат со вонредни или други ситуации.

Во соопштението се истакнува и дека по решавање на процедуралните прашања ќе се воспостават контакти со компаниите за купување на хеликоптери.