Балкан
27. July 2017 - 21:08

Косово е на прагот на енергетски колапс

Косово е речиси на прагот на енергетски колапс поради резервите на јаглен, кои се доволни за само две недели.

Косово има повеќе од 14 милијарди тони лигнитен јаглен, што ја вбројува земјата на петто место во светот, но и покрај тоа е принудена да ги користи резервите за да може да ги одржува двете енергетски централи. Причина е што Владата не успеа да ги обезбеди приватните имоти за да добие пристап до наоѓалиштата.

Државната енергетска компанија КЕК е неопходно да придобие 52 хектара приватен имот за да има пристап до наоѓалишта за лигнитен јаглен, но сопствениците бараат повеќе пари од реалната цена.